Дизајн и изработка на висококвалитетен мебел со модерни, најсoфистицирани машини и материјали од реномирани производители

Во ''Faben kϋchen'' отсекогаш се ценеле модерните методи на изработка на мебел, кои што овозвможиле да имаме беспрекорен квалитет кај нашите производи. Материјалите што претежно ги употребуваме се иверка и медиапан кои се придружени со високококвалитетен оков за мебел, што ни овозвможува да даваме до десет години гаранција на нашиот мебел.

Нашиот производствен спектар поседува разни видови на мебел, почнувајќи од TV комоди, спални соби, маси, клуб маси, плакари, кујни, гарнитури итн.


Долгогодишно искуство

''Faben kϋchen'' е фабрика за производство на мебел, со локација во село Радиовце, кое што се наоѓа во близина на град Тетово. Фабриката е основана од Белул Мемеди во 1992 година, кога во тоа време во просториите на фабриката претежно се произведувале само гарнитури, се до 1996 година кога ''Faben kϋchen'' го проширува производството и почнува со изработка на кујни и други видови на мебел.


Професионален тим

Просториите на нашата фабрика бројат повеќе од десет активни професионални работници, кои заедно со нашите дизајнери се секогаш на Ваше располагање.